Програма на неработни денови за 2021 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2021
година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ
• 01 јануари (петок), Нова Година,
• 07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 01 мај (сабота), Ден на трудот,
• 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (понеделник), Ден на Републиката,
• 8 септември (среда), Ден на независноста,
• 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици),
• 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (среда), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.


тагови

достава низ цела македонија, испорака, нова пошта, пакети, пошта