Новости

© Copyright 2015, all rights reserved

Што има ново?

Неработен ден!

Почитувани, По повод државниот празник “02.август Ден на Републиката” Нова ПОШТА ДОО нема да работи во вторник на 02.08.2016 година што значи дека пратките преземни во понеделник 01.08. ќе бидат испорачани на 03.08.2016 година. Да се потсетиме зошто го прославуваме Крушевското востание. “По извојуваната битка се приредил свечен пречек во кој се свикани 60 души првенци … Continue reading Неработен ден!

July 27, 2016

Нови вработувања!

Нова ПОШТА нуди можност за заработка преку сезонски ангажман. Реонот на Гевгелија бара курир! Заинтересираните нека испратат CV на info@novaposta.mk.

July 6, 2016

Неработни денови!

Почитувани, По повод државниот празник “Рамазан Бајрам”, Нова ПОШТА ДОО нема да работи во вторник 05.06.2016 година. Затоа пратките кои ќе се преземаат до понеделник (04.06), ќе се испорачуваат од среда (06.06.2016 година). Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот – му билa откриенa на Архангелот Гаврил, кој потоа му … Continue reading Неработни денови!

June 30, 2016

 ОГЛАС:

  Поради зголемен обем на работа,НОВА ПОШТА вработува кандидати за следнава позиција: Возачи-курири за реон на Скопје. Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност. Потребно е возачка дозвола Б категорија. Сите заинтересирани кандидати испратете CV на info@novaposta.mk.

June 20, 2016

СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ!

Почитувани, По повод православниот празник Задушница, Нова ПОШТА ДОО сакајќи да им излезе во пресрет на сите клиенти и соработници, ќе работи со скратено работно време до 14 часот.

June 17, 2016

Неработни денови!

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ! Почитувани, По повод државниот празник посветен на македонските прoсветители “Св.Кирил и Методиј”, Нова ПОШТА ДОО нема да работи во вторник 24.05.2016 година. Затоа пратките ќе се преземаат до понеделник (23.05), а ќе се испорачуваат од среда (25.05). „Слепи ќе прогледаат, глуви ќе го слушаат словото на Писмото, и сите ќе почнат да говорат на … Continue reading Неработни денови!

May 18, 2016

ОГЛАС! (Уште 2 работни места)

Поради зголемен обем на работа,НОВА ПОШТА вработува кандидати за следнава позиција: Возачи-курири (на моторче) за реон на Скопје. Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност. Потребно е возачка дозвола Б категорија. Сите заинтересирани кандидати испратете CV на info@novaposta.mk со назнака возач на моторче.

April 27, 2016

Неработни денови!

Почитувани, По повод велигденските и првомајските празници Ве известуваме дека Нова ПОШТА ДОО нема да работи во деновите петок и сабота (29-30.04.2016) како и понеделник (02.05.2016). Ова значи дека пратките преземени во четврток (28.04.2016) ќе бидат испорачани во вторник (03.05.2016). Ви посакуваме среќни празници и убави мометни со Вашите сакани!

April 26, 2016

ОГЛАС ЗА КУРИРИ ЗА ДОСТАВА НА ПРАТКИ (за Скопје)!!!

Нова ПОШТА бара млади и одговорни индивидуи кои се подготвени за тимска работа во динамични услови. Квалификации: – Искуство во управување со мопед – Валидна возачка дозвола Б категорија – Старост од 25-35 години – Основно познавање на адреси во град СКОПЈЕ! – Услужливост, ведрина и желба за работа. Вашите апликации ги очекуваме на info@novaposta.mk

March 23, 2016

НОВА ПОШТА Вработува!

Почитувани! Заради зголемување на обемот на работа Нова ПОШТА има потреба од нови кандидати за работна позиција Курир за достава на пратки. Испратете биографии на info@novaposta.mk

January 4, 2016

Неработни денови!

Почитувани соработници. Нова ПОШТА сака да Ви се заблагодари на укажаната доверба која придонесе за успешна 2015 година, а воедно ни дава надеж за уште поуспешна 2016 година. Затоа по повод новогодишните празници Ве известуваме дека пратките преземени до 31.12.2015 година ќе се испорачуваат во понеделник и вторник (04-05.01.2016 година). Божиќните празници носат дополнителни неработни … Continue reading Неработни денови!

December 28, 2015

Вработување!

Почитувани, Заради проширување на тимот за достава на пратки, Нова Пошта нуди одлична можност за заработка. Станува збор конкретно за Гостивар. Апликациите ги очекуваме на info@novaposta.mk Ве очекуваме!

December 10, 2015

Неработен ден 08.12.2015 година

Почитувани, По повод утрешниот празник “Св. Климент Охридски”, 08.12.2015 година е прогласен за неработен ден што значи дека пратките преземни на 07.12.2015 година ќе бидат испорачани на 09.12.2015 година. Среќен празник!

December 7, 2015

Најава за превземање на пратки.

Најава за преземање на пратки се извршува во периодот на денот од 08:00-14:00h од понеделник до петок, односно од 09:00-11:00h во сабота (освен за време на неработни денови) на следните броеви: 078 88 88 55 или 02 313 88 88. Испораката се врши следен работен ден*. *(зависно од изборот на услуга, погледнете во ценовникот)

November 18, 2015

Попуст на редовните цени на услугите.

Високиот стандард кој НОВА ПОШТА ДОО сака да го спроведе на македонскиот пазар на поштенски услуги, никако нема да влијае на цената на услуга. До 31.12.2015 година одиме со попуст на редовните цени во висина од 20 до 30% како што е прикажано во ценовникот.

November 18, 2015

Нова Пошта започнува со работа!

НОВА ПОШТА ДОО започна со преземање и испорака на пратки на 12.11.2015 година во среда (среќен ден :))! Нека ни е со среќа!

November 18, 2015